Вашите нови модератори: Габриела и Милена Thread poster: Sherefedin MUSTAFA
|
Почитувани колеги, Пред помалку од две години е основан македонскиот форум на ProZ.com. Тоа беше своевиден поттик за уште поголемо ангажирање во усовршувањето на нашата професија како и за размена на искуства, знаење и мислења. Веќе подолго од една година е заврш... See more Почитувани колеги, Пред помалку од две години е основан македонскиот форум на ProZ.com. Тоа беше своевиден поттик за уште поголемо ангажирање во усовршувањето на нашата професија како и за размена на искуства, знаење и мислења. Веќе подолго од една година е завршена локализацијата на ProZ.com на македонски јазик благодарение на огромното залагање на Габи и сите членови на локализацискиот тим. Оваа година во Охрид е одржана една од најуспешните меѓународни конференции на ProZ.com досега, благодарение на несебичното залагање на Христина, Ане и сите учесници заедно. Денес е објавен списокот на новите ProZ.com модератори кои ќе служат за период од една година. Задоволство ми е да ги поздравам колешките Габриела Николова и Милена Чкрипеска. Заедно со Габи ќе го модерирам македонскиот форум а со Милена Кудоз прашањата во комбинација англиски-македонски и македонски-англиски. Поздрав, Шерефедин
[Edited at 2009-08-03 18:16 GMT] ▲ Collapse | | |
Здраво на сите, Благодарност до Шерефедин за известувањето! Честитки до Габриела, и особено Милена за активноста на сајтот и за заслужениот избор! Поздрав до сите останати и Ве поканувам да се регистрирате за следната средба на преведувачи која ќе се о�... See more Здраво на сите, Благодарност до Шерефедин за известувањето! Честитки до Габриела, и особено Милена за активноста на сајтот и за заслужениот избор! Поздрав до сите останати и Ве поканувам да се регистрирате за следната средба на преведувачи која ќе се одржи на 30 септември 2009 во Скопје. http://www.proz.com/powwow/2713 Ваша, Христина ▲ Collapse | | |
Milena Chkripeska North Macedonia Local time: 07:51 Member (2009) English to Macedonian + ... Moderator of this forum
Здраво колеги, Најпрво, благодарност за честитките! Се надевам дека ќе имаме успешна соработка, фер борба во кудоз арената и конструктивни коментари на форумите! Голем поздрав, Милена П.С. До Шерефедин: Се презивам Чкрипеска
[Edited at 2009-08-03 18:10 GMT] | | |
Успешна соработка и конструктивни дискусии | Aug 3, 2009 |
Почитувани колеги, Пред сè, да ја изразам својата благодарност до Шерефедин кој ја објави информацијата за новите модератори и да упатам честитки до него и Милена за изборот (реизбор за Шерефедин за модератори. Ми причинува... See more Почитувани колеги, Пред сè, да ја изразам својата благодарност до Шерефедин кој ја објави информацијата за новите модератори и да упатам честитки до него и Милена за изборот (реизбор за Шерефедин за модератори. Ми причинува особено задоволство што ќе бидам модератор на Македонскиот форум заедно со Шерефедин, а истиот беше основан благодарение на големата упорност и заложба на многумина преведувачи, на којашто некои од нас многу добро се сеќаваат. Член на ProZ сум од 2005-та година, и како што напомена Шерефедин, координатор на прекрасниот тим за локализација на ProZ на македонски јазик. Особено ми е драго што преку ProZ научив многу работи и запознав многу прекрасни луѓе и професионални преведувачи со кои и денес контактирам и соработувам. Се надевам дека заедно со Шерефедин (кој секако има поголемо искуство како модератор и од кого ќе учам и јас ќе успееме да одговориме на сите Ваши прашања и за сè она што Ве интересира, како и дека ќе го активираме повеќе македонскиот форум. Слободно можете да ме контактирате и преку е-пошта. Голем поздрав до сите, Габи П.С. Благодарам, Христина! ▲ Collapse | |
|
|
Sashenka Ljuben North Macedonia Local time: 07:51 Member (2005) English to Macedonian + ...
Епа Габи и Милена, примете мои честитки за работата што ви е доверенеа за следнава година. Многу успех, Сашенка | | |
поздрав за Габи и Милена :) | Aug 4, 2009 |
и за Шерефедин, кој е многу заслужен за ова што сега го имаме. Многу ми е драго што нашата заедница полека но сигурно станува се поактивна. Голем поздрав, Ирена | | |
Kitanovska Local time: 07:51 French to Macedonian + ... Поздрав до сите | Aug 4, 2009 |
Драги колешки и колеги, честитки за новата работа која ќе ви одзема многу време а се надевам многу задоволство.Ќе имате доста работа со новите како мене.Се надевам дека набрзо ќе се видиме на закажаните powwowws. Викторија | | |
Ви посакувам многу успешна работа ... по можност, без нервози Поздрав, Јасмина | |
|
|
Честитките за функциите, се надевам убаво ќе се дружиме годинава! Поздрав, Билјана | | |
Rodna Ruskovska North Macedonia Local time: 07:51 Member Macedonian to English + ...
е па браво дечки.. Блазе си ни со вас:):):) Поздрав Родна | |
|
|
Milena Chkripeska North Macedonia Local time: 07:51 Member (2009) English to Macedonian + ... Moderator of this forum
Би сакала уште еднаш да изразам огромна благодарност за честитките. Верувам дека нè очекува успешна „сезона“ и дека ќе дадеме голем придонес во зајакнувањето на македонската ProZ.com заедница. И Родна, те молам без предвремени констатации... Да не испадне „тешко вам со нас“... See more | | |