[…] „Нешто ќе ти предложам“. Се навали кон мене како другарка ми Ејприл кога сака да ми каже некој тајна иако ниедна од нејзините тајни не се не арно. Ниту пак се навистина тајни.
„Ако е кажеш никому дека сум тука, ќе ти го средам видот.“
„Абе бегај оттука!“
Тоа неколкупати трепна. „Тоа и се обидувам да направам.“
„Сакав да речам не можеш да го направиш тоа!“
„Зошто не можам?“
„Епа никој друг не успеа да ми го подобри видот, освен со очила.“
„Јас имам извесни способности. Ќе видиш ако....“
„...Ако не кажам никому за тебе?“
„Тоа е клучно, во тоа е поентата.“
„Од каде да знам дека нема да ме ослепиш? Кој вели дека не си како еден од оние телевизиски продавачи што ветуваат, а само лажат.“
Тоа почна повторно да ме уверува. „Не би му сторил такво нешто на суштество што не ме повредило.“
„Демек ако те повредам, би можел да ме ослепиш?“
„Ќе дознаеш ако има потреба.“
„A ако ми го подобриш видот и ако јас никому не кажам за тебе, ќе си заминеш од полињава?“
„Тоа ми е целта!“ […]