ProZ.com translation contests »
32nd Translation Contest: "Movie night" » English to Macedonian

Competition in this pair is now closed.

Discussion and feedback about the competition in this language pair may now be provided by visiting the "Discussion & feedback" page for this pair. Entries may also be individually discussed by clicking the "Discuss" link next to any listed entry.

Source text in English

To say that I was compelled by Parasite from start to finish is an understatement; its filming style with tracking shots are enthralling. Having watched several Korean films during the London Korean Film Festival, I was familiar with the usual genres employed in such films but Parasite seemed to defy them all! Parasite is comedic, in a quirky way, it is also a thriller, straddles class divisions and also depicts a family tale amongst other genres and is therefore likely to appeal to all ages.

Parasite truly deserves to be watched in a cinema to appreciate its nuances and the stylish cinematography. As a summary, to avoid spoilers, Parasite tells the tale of the interaction between the Park family and the Kim’s, an unemployed family, whose contrasting worlds collide with long lasting consequences.

[...]Bong Joon-Ho manages to pique the audience’s interest with brightly lit shots coupled with the effective use of indoor space, and it is surprising to realise, after the film’s 2 hour 12 minute length, that most of the scenes occur within the Park family’s home. The mundane elements of domesticity are displayed with an intriguing perspective showcasing Bong Joon-Ho’s flair. It is a slow burner but you will revel in its beauty and ingenuity as Parasite convinces that it operates solely on one level but it is in fact multi-layered and depicts social realism with empathy and pathos.

The cast are beguiling to watch, every facial movement and action is accentuated, even the mere act of walking up or down stairs can convey hidden meaning, which the camera fragments. Levels of unease are also created by virtue of that effective use of space with unusual camera angles and dramatic weather conditions ratcheting up that sensation. There is a surreal nature to Parasite, which its score emphasises, and furthermore the film adopts elements of the absurd devised in such an ingenious way which is truly cinematic magic. Parasite’s apparent eeriness will certainly keep you riveted and would not feel alien to the Twilight Zone school of filmmaking.

The actors are very impressive and add breadth to their roles creating relatability whilst seeming effortlessly cool. When Ki-Woo and Ki-Jeong Kim were working within the Park family home as private tutors they certainly epitomised this level of nonchalant, understated authority creating an aura of mysticism with the unspoken, almost mythical, tutoring techniques employed. Quite simply, the actors Park So-Dam and Choi Woo-Sik, as Ki-Woo and Ki-Jeong, are compelling to watch in the different directions that Parasite follows and they carry these performances seamlessly thereby inviting the audience to be on their side.

[...]Parasite is a remarkable piece of extremely skilful filmmaking, it is simply a must see film, and so I am looking forward to re-watching the film on its UK general release date.

Winning entries could not be determined in this language pair.

There were 3 entries submitted in this pair during the submission phase. Not enough votes were submitted by peers for a winning entry to be determined.

Competition in this pair is now closed.


Entries (3 total) Expand all entries

Малку е да се каже дека од почетокот до крајот на „Паразит“ буквално не се одлепив од екранот; неговиот стил на снимање кадри со помош на подвижна платформа е просто фасцинантен. Откако изгледав неколку корејски филмови за време на истоимениот Лондонскиот фестивал, стекнав прилично јасна претстава за нивните типични жанровски обележја, но сите тие филмови можат вода да му носат на „Паразит“! „Паразит“ е откачена комедија, но и трилер, жанровски се бави со класната нееднаквост, но раскажува и семејна приказна, па затоа веројатно ќе им се допадне на гледачите од сите возрасти.

Ако сакате да ги препознаете сите негови нијанси и софистицираната кинематографија, „Паразит“ заслужува да го гледате во кино. Без спојлери, еве ја кратката содржина: „Паразит“ е приказната за интеракцијата помеѓу семејството Парк и невработеното семејство Ким, чии дијаметрално различни светови се судираат со трајни последици.

[...]Бонг Џун-Хо успева да го предизвика интересот на публиката со силно осветлени кадри во комбинација со ефектното користење на внатрешниот простор, па ќе се изненадите кога по 2 часа и 12 минути, колку што трае филмот, ќе сфатите дека повеќето сцени се случуваат во домот на семејството Парк. Баналното секојдневие на семејниот живот е доловено од интригантна перспектива карактеристична за оригиналната проникливост на Бонг Џун-Хо. Дејствието почнува бавно, но како што тече филмот, сè повеќе ќе уживате во неговата убавина и генијалност затоа што „Паразит“ навидум се одвива на само едно ниво, а всушност е повеќеслоен и го прикажува социјалниот реализам со емпатија и доза на патетична сентименталност.

Актерската екипа е мерак за гледање, секоја промена на израз на лицето и секое дејство се акцентирани, дури и самото одење нагоре-надолу по скалите може да носи во себе скриено значење кое камерата го фрагментира. Нивоата на немир се постигнати и со помош на гореспомнатото ефектно користење на просторот преку необичните агли на снимање и драматичните временски услови кои го засилуваат мачното чувство. „Паразит“ има надреален шмек, кој е нагласен со неговата звучна подлога, а дополнително филмот користи и елементи на апсурдот осмислени на толку генијален начин што претставува вистинска кинематографска чудесија. Морничавоста присутна во „Паразит“ сигурно ќе ве држи на штрек и ќе ве потсети на филмската школа на „Зоната на самракот“.

Актерите се многу впечатливи и на своите улоги додаваат широчина што ви дава простор да се соживеете со нивната ненаметлива автентичност и самоувереност. Кога Ки-ву и Ки-џунг Ким работат како приватни учители во домот на семејството Парк, тие секако го олицетворуваат ова ниво на ноншалантен, дискретен авторитет создавајќи аура на мистицизам преку примената на индиректни, речиси митски техники на подучување. Актерите Парк Со-дам и Чои Ву-шик, како Ки-ву и Ки-џунг, едноставно ве понесуваат да ги следите во разните насоки на „Паразит“ и тоа го прават толку беспрекорно, што ве придобиваат да бидете на нивна страна.

[...]„Паразит“ е извонреден пример за мајсторски направен филм, филм што едноставно мора да се види, па затоа однапред се радувам што повторно ќе го гледам кога ќе почне неговото општо прикажување во Обединетото Кралство.
Entry #36728 — Discuss 0 — Variant: Not specified
Voting points1st2nd3rd
204 x42 x20
Ако кажам дека дека бев воодушевен од „Паразит“ од почеток до крај, ќе излажам; стилот на снимање со следење е фасцинантен. Откако гледав неколку корејски филмови за време на Корејскиот филмски фестивал во Лондон, бев запознаен со вообичаените жанрови што се користат во такви филмови, но се чинеше дека „Паразит“ им пркоси на сите! „Паразит“ е комедија на некој ексцентричен начин, исто и трилер, ги опфаќа класните поделби, а меѓу другите жанрови отсликува семејна приказна и затоа е филм за секое годиште.

„Паразит“ навистина заслужува да се гледа во кино за да ги цениме неговите нијанси и стилската кинематографија. Да резимираме, за да се избегнат спојлери, „Паразит“ ги раскажува интеракциите на семејството Парк со Ким, невработеното семејство, чиишто спротивставени светови се судруваат со долгорочни последици.

[...]Бонг Џун-Хо успева да го привлече интересот на публиката со силно осветлени кадри заедно со ефективно користење на внатрешниот простор, а изненадувачки е тоа дека по целиот филм од 2 часа и 12 минути може да се забележи како повеќето сцени се одвиваат дома кај семејството Парк. Секојдневните случувања од домашниот живот се прикажани од фасцинантна перспектива, што го истакнува осетот на Бонг Џун-Хо за нештата. Полека се гради приказната, но ќе уживате во неговата убавина и остроумност, бидејќи „Паразит“ најпрвин ќе ве увери дека се однесува на само на едно ниво, но всушност е повеќеслоен, прикажувајќи го социјалниот реализам со доза емпатија и патос.

Актерите примамуваат да ги гледаш, секое движење на лицето и секое дејство е нагласено, дури и самото одење нагоре или надолу по скалила пренесува скриено значење фрагмантирано од камерата. Ефикасното користење на просторот со необични агли на камерата и драматични временски услови создава чувство на немир кое дополнително се зголемува. Има нешто надреално во „Паразит“, што музиката го нагласува, а филмот дополнително опфаќа елементи од апсурдот толку генијално обсмислени што е вистинска кинематографска магија. Очигледната мистериозност на „Паразит“ сигурно ќе ве држи приковани и не би била нешто непознато во зоната на самракот во кинематографијата.

Актерите се многу импресивни и внесуваат длабочина и поврзаност во нивните улоги додека изгледаат извонредно и без многу напор. Кога Ки-Ву и Ки-Јеонг Ким работеа во домот на фамилијата Парк како приватни учители со сигурност го отелотворуваат овој необичен, скромен авторитет што создава аура на мистика со неискажаните, речиси митски применети техники на учителствување. Актерите Парк Со-Дам и Чои Ву-Сик, како и Ки-Ву и Ки-Јеонг едноставно пленат во различните насоки што ги следи „Паразит“, а изведбата ја сносуваат со леснотија, поканувајќи ја публиката да биде на нивна страна.

[...]„Паразит“ е извонредно дело на исклучително вешта кинематографија, филм што мора да се гледа, и затоа со нетрпение очекувам повторно да го гледам филмот на премиeрното прикажување во ОК.
Entry #37157 — Discuss 0 — Variant: Not specified
Voting points1st2nd3rd
184 x41 x20
Ако кажам дека бев приморан да го гледам филмот „Паразит“ од почеток до крај е омаловажување. Стилот на филмот е со кадри во движење кои пленат. Оти гледав неколку корејски филмови за време на Филмскиот фестивал на корејски филмови во Лондон се запознав со вообичаените жанрови на таквите филмови, но се чини дека „Паразит“ ги дефинира сите тие! Филмот „Паразит“ е комичен, на екцентричен начин, исто така е и трилер, ги опфаќа пошироките класни поделби и опишува и семејна приказна меѓу останатите жанрови и затоа се чини дека е за сите старосни групи.

Филмот „Паразит“ навистина заслжува да се погледне во кино за да се ценат неговите значења и стилската кинематографија. Како резиме, а сепак да избегнам откривање на заплетот, филмот „Паразит“ претставува приказна за взаемна врска меѓу семејството Парк и семејството Ким, семејство со невработени, чии спротивни светови се судираат со долготрајни последици.

Бонг Џун-Хо успева да побуди интерес кај гледачите со добро осветлени кадри придружени со ефективна искористеност на затворен простор и изненадувачки е што по траењето на филмот од 2 часа и 12 минути ќе сфатите дека повеќето сцени се случуваат во домот на семејството Парк. Елементите на секојдневието во домот се прикажани со чудна перспектива која што го претставува талентот на Бонг Џун-Хо. Филмот „Паразит“ е бавен, ама ќе ја откриете неговата убавина и генијалност додека ќе ве убеди дека дејствува целосно на едно ниво, но всушност има повеќе слоеви и опишува општествен реализам со емпатија и патетика.

Актерската екипа ве обмамува да го гледате секое движење и дејство на лицата кои се нагласени, дури и самото одење нагоре-надолу по скали може да пренесе скриено значење, кое камерата го фрагментира. Нивоа на вознемиреност се создаваат и поради ефективната искористенот на просторот со невообичаени агли на камера и драматични временски услови кои ја зголемуваат таа сензација. Филмот „Паразит“ има надреална природа, што постигнува нагласувања, а филмот добива и елементи на апсурдност на еден генијален начин, што претставува вистинска кинематографска магија. Очигледната морничавост на филмот „Паразит“ со сигурност ќе ви го задржи погледот и нема да се чувствувате отуѓено од школата за правење филмови како „Зона на самрак“.

Актерите се многу импресивни и ги прошируваат своите улоги создавајќи чувство за поистоветување, додека со леснотија изгледаат кул. Кога Ки-Ву и Ки-Јеонг Ким работат во домот на семејството Парк како приватни тутори со сигурност се олицетворение на безгрижност, потценување на авторитет, создавајќи аура на мистичност со неискажаните, речиси мистични, туторски техники кои ги користат. Просто, актерите Парк Со-Дам и Чои Ву-Сик, како Ки-Ву и Ки-Јеонг се задолжителни за гледање во разните насоки на „Паразит“, а тие тоа го изведуваат беспрекорно и така ги привлекуваат гледачите.

„Паразит“ е извонреден филм направен со висока умешност, филм кој мора да го гледате и одвај чекам да го гледам повторно на неговата официјална дата на прикажување во Обединетото Кралство.
Entry #36889 — Discuss 0 — Variant: Not specified
Gjorgji Apostolovski (X)
Gjorgji Apostolovski (X)
Π.Γ.Δ.Μ.
Voting points1st2nd3rd
3003 x1